Ковачевски на Атлански Совет: Македонија припаѓа во ЕУ, интеграцијата е важна за економско закрепнување

 

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во рамки на работната посета на Вашингтон, се сретна и со членови на бордот на Атланскиот Совет (Atlantic Council). На средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Преку дијалог и размена на мислења со експерти се говореше за повеќе теми од интерес како динамиката на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, напорите за справување со енергетската криза, борбата против корупцијата, како и за приоритетите на земјата со претседавање со ОБСЕ.

На Советот беа споделени мислења дека клучно за Северна Македонија и за земјите од Западен Балкан е спроведувањето на реформите, владеењето на правото, што побрза интеграција во ЕУ. Тоа ќе придонесе за економското закрепнување, како и за долгорочно подобрување.

08.05.2023 - 18:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега