Ковачевски на средба со пензионерите: Поголеми пензии и поддршка во време на криза

 

Денеска, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски имаше посета на  Сојузот на здружение на пензионери, каде оствари работен состанок со претставници на Здружението.

На средбата се говореше за стандардот на пензионерите, кој значително е подобрен и ќе породлжи да се подобрува благодарение на зголемувањето на пензиите како и мерките за заштита на животниот стандард на оваа категорија граѓани. Претседателот Ковачевски истакна дека СДСМ како партија на која солидарноста и е една од најважните вредности ќе продолжи да се грижи за оваа категорија граѓани и во иднина. На состанокт се разговараше и за новата програма на СДСМ, во која се опфатени и пензионерите.

 Грижата за стандардот на пензионерите е наша должност, бидејќи солидарноста е една од најважните вредности кои  СДСМ ги дели, ги застапува денес и ќе го прави тоа и во иднина. Затоа на денешната средба со пензионерите разговаравме и за новата програма на СДСМ. Како и секогаш досега, секоја мерка ја креираме заедно со здруженијата и согласно со нивните интереси и согласно со можностите на државата. Со нас  пензионерите секогаш може да очекуваат партнерски однос и ние и понатаму ќе работиме заедно, ќе го градиме тој однос и ќе  најдеме решение со  кое сите пензионери ќе бидат над  прагот на сиромаштија. Со тоа очекувам дека во наредните месеци,  наредниот период ќе имаме солидни решенија со кои ќе ја реализираме нашата заложба за стареење во достоинство“ – рече Ковачевски.

Сакам да се заблагодарам уште еднаш и на дополнителната заменик министерка Тренчевска и на претседателката на Сојузот на здружение на пензиониери, меѓутоа секако и на целото претседателство и ИО кои што се тука присутни и со кои што разговаравме“ – додаде Ковачевски.

07.02.2024 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега