Ковачевски: Преку „гарантираните цени“ создаваме солидна основа за инфлација од пет проценти до крајот на годината
Преку замрзнувањето на цените на прехранбените производи и нивно намалување, преку обезбедување на гарантирана цена, како и со владината одлука за допрецизирање на повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за најголем дел од основните прехранбени производи, создадовме солидна основа за да постигнеме инфлација од 5 проценти до крајот на годината, оценува премиерот Димитар Ковачевски.
Според него, целта е реална и остварлива.
Потсети дека Северна Македонија има најголема листа на производи со повластена стапка на ДДВ од пет проценти во регионот.
„Носевме и ќе носиме одлуки согласно движењата на пазарот и нема да дозволиме никој да профитира на сметка на општото добро во време на криза. Затоа и донесовме мерки за да ги спречиме негативните пазарни трендови. Ќе продолжиме да ја штитиме домашната економија и граѓаните“, порача Ковачевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа