Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ секаде ја шкрта „северна“ и сега сакаат Грција да ни го продолжи рокот на пасошите

ВМРО-ДПМНЕ секаде ја шкрта Северна и сега сакаат Грција да ни го продолжи рокот на пасошите, вели Премиерот Ковачевски објаснувајќи зошто неговата партија не гласа во Собранието за предлог законот на опозицијата со кој ќе се продолжи рокот на важењето на пасошите.  Ковачевски тврди дека законот со кој си ги самоукинавме пасошите е врзан со ратификацијата на преспанскиот договор и дека и да го смениме законот, тоа нема да ни ги отвори границите. Рече дека се зависи од Грција а функционерите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните постапки му штетат на овој процес.

“Договорот треба да се почитува. Особено во делот на користењето на Уставното име. Исто така тие секогаш изразувале став во однос на непочитување на Договорот од наша страна, кога на официјални средби, претставници на С. Македонија не го користат уставното име на државата и дури ги менуваат натписите на настаните каде што учествуваат. Таков пример имавме сега скоро во Виена на еден настан, каде што еден претставник на Македонија имаше интервенирано во натписот.
Кога ќе излезат надвор од државата ќе видат натпис на кој што е Северна Македонија, ќе го бришат со пенкало.“ – рече Ковачевски.

Во моментов македонските граѓани кои имаат стар пасош воопшто и не може да знаат дали може да поминат некоја од границите, бидејќи македонските гранични служби не ги пропуштаат ниту да излезат од Македонија

23.02.2024 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега