Ковачевски за уставните измени: За прват сме во ситуација да немаме вето од надвор туку од внатре

 

 

Уставните измени не претставувват никакво идентитетско прашање. Ова го посочи премиерот на Македонија Димитар Ковачевски во рамки на официјалната посета на Берлин кој оствари средба со германскиот канцелар Олаф Шолц и беше пречекан со највисоки државни почести.

„Членстовото во ЕУ не е цел само на една политичка партија и Владата и сите коалициони партнери се посветени на овој дијалог. Најлесно е да бидете политичар кој збори за минатото, на западен Балкан им требаат политичари кои зборуваат за иднината. Ние за првпат сега се наоѓаме во ситуација да немаме вето од надвор, туку од внатре и затоа ги повикувам пратениците и партиите од опозицијата да го поддржат процесот. Ова не е процес на еден човек и Влада, туку широк и општествен процес. Членството во ЕУ не е цел само на една партија и не може целта на интеграција во ЕУ да биде помала цел од политичка кариера на било кој политичар во нашата држава“, кажа Ковачевски.

Ковачевски порача дека амандманите за уставните измени се подготвени во Министерството за правда.

„Пратениците се претставници на граѓаните а граѓаните сакаат во ЕУ . Нашите сограѓани сакаат нивните деца да останат дома. ЕУ е наша единствена цел а подобар договор од овој нема. Патот не е лесен но мора да се изоди. Не смееме да ја пропуштиме оваа историска шанса, гласот за уставните измени е глас за европсата иднина, додаде Ковачевски.

Ковачевски му се заблагодари на канцеларот Шолц за посетата со реченица на германски јазик.

28.06.2023 - 20:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега