Ковачки: Ако Ковачевски е трајно неспособен, како може да биде премиер?

Чест и должност е да се служи војска. Периодот за кој зборуваме и кој го изнесовме во јавност и го повикуваме премиерот да се изјасни дали лажел дека е трајно неспособен или е навистина трајно неспособен. Затоа што во тој документ кој излезе на социјалните мрежи и потоа ние го реобјавивме и се повикуваме на него, многу јасно се гледа дека со црвено е напишано дека е трајно неспособен, изјави за „Заспиј ако можеш“ на Алфа Телевизија, Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. 

- Останува дилемата, дали навистина е трајно неспособен или направил премиерот Ковачевски, или неговиот татко му помогнал кој тогаш бил градоначалник на Куманово од СДСМ, да се извади таков лажен документ и да се посведочи пред регрутната комисија на АРМ, со што е ослободен од вршење на војничката дејност, односно служење на воен рок, потенцираше Ковачки.

Ковачки прашува ако премиерот е трајно неспособен како може да биде премиер на една држава.

- Тој човек не би можел да ги обавува своите редовни дневни активности. Имате состаноци, средби, настапи, контакти со бизнис заедница, разни целни групи, патувања во странство, средби со високи делегации.   Доколку носите една таква дијагноза трајна неспособност, вие би биле спречени да можеше да ги обавувате задачите како што доликува на премиер, рече Ковачки.

Ковачки посочи дека според негово мислење Ковачевски не сакал да служи војска во 2001 година да ја брани татковината кога најголем дел од граѓаните застанаа во одбрана на државата вклучително и неговите кумановци, кои беа вклучени во одбрана на Македонија.

Во врска со оправдувањата од премиерот Ковачевски дека имал хируршка интервенција, Ковачки вели дека тоа е времена неспособност.

- Сега вели бил на хируршка интервенција, каде се тие работи да ги видиме. Трајна неспособност кога некој ќе ти даде тоа е за цел живот. Тој не негира дека имал проблем. Тој се повикува на здравствена состојба, не на школување. Станува збор за манипулација, од неговиот кабинет го дозаглавија, велат имал предизвик кој го отстранил, тоа се надминува, тоа не може да биде трајно, туку времено. Каква е таа причина поради која не си ја бранел татковината, нагласи Ковачки.

„Вие имате членка на НАТО чиј што премиер лажел или е трајно неспособен, едно од тие двете. Значи никој не сака и не посакува партнер на масата да седи со него, кој што во најмала рака е неморален. Ако не е трајно неспособен, тогаш е неморален. А, во таа западна Алијанса нормално е дека треба да седат луѓе со највисоки квалитети, а не со овие обратни што ги кажувам. Друга работа е тоа што доколку лажел или доколку имал трајна или ограничувачка неспособност тука веќе се поставува прашањето и за неговиот пристап на класифицирани информации. За безбедносен сертификат како се издава е точно пропишано во процедурата дали лицето кое што лаже, кое што се служи со лаги, со измами за да добие одредени бенефиции и привилегии може да добие безбедносен сертификат или не може. А, јасно е дека не може“, појасни Ковачки.

 

 

19.09.2022 - 23:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега