Ковачки кон Петровска: Не дезертирам од дуел како трајно неспособниот премиер

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска го повика Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ на ТВ-дуел, по што стигна одговор.

„Благодарам за поканата за ТВ дуел од страна на министерот за одбрана, г-ѓата Славјанка Петровска.
 
Секако дека поканата за ТВ соочување ќе ја прифатам и нема да дезертирам како нејзиниот трајно неспособен Премиер кој прв и' го лајкнал статусот.
 
Оставам на центрите за комуникација на двете партии во договор со националните медиуми да договорат термин за нашиот ТВ дуел“, напиша Ковачки.
 

09.11.2022 - 16:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега