Ковачки: Пендаровски е должен да одговори на граѓаните дали го прифаќа ултиматумот на ДУИ?


Изјавата во очај на Стево Пендаровски дека ќе загубел во првиот круг на претседателските, меѓутоа дека ќе победел во вториот круг е само алиби за големиот пораз кој му претстои, истакна Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.

Вчерашната изјава на Артан Груби дека поддршка односно услов за поддршка и добивање на гласовите на ДУИ за претседател во вториот круг е избор на претседател на држава во Собрание, не е ништо друго освен ултиматум, посочи Ковачки.

„Стево Пендаровски е должен да одговори на македонската јавност дали го прифаќа овој ултиматум на ДУИ? СДС и Пендаровски се должни да одговорат дали ќе ја погазат волјата на граѓаните, дали ќе дозволат да се избере претседател на држава во Собранието? Очекуваме одговори“, рече Ковачки.
14.04.2024 - 11:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега