Крадец бегал од полиција во школо во Ново Лисиче – настанала паника, евакуирани биле ученици и родители

Ученици и родители од дворот на ОУ „Лазо Ангеловски“ попладнево биле евакуирани во просториите на училиштето откако настанала општа паника кога локален крадец бегајќи им на полициските службеници влегол во дворот на школото.

Директорката на училиштето, Магдалена Петревска, вели дека обезбедувањето во објектот било на висина на задачата.

-Би сакала да ве известам во врска со ситуацијата која се случила денес во 18:10ч. ви споделувам информации со цел да не се шири паника, страв и дезинформации. Во училиштето немало никакво пукање туку полицијата бркала локално крадец кој успеал да влезе во училишниот двор и да создаде паника кај родителите кои ги пречекувале децата од настава. Обезбедувањето било во училишниот двор на задача. Крадецот во обид да влезе во стариот дел(кој бил заклучен) бил фатен од полицајците. Сепак самата ситуација сама по себе била непријатна и вознемирувачка па, затоа сите ученици и  родители кои биле затекнати во дворот биле евакуирани внатре во училиште (од страна на обезбедувањето и вработените) се додека не пристигнала интервентната полиција за да го приведат осомничениот. Бидејќи се создала голема паника кај родителите учениците се ослободени пред крајот на 7-миот час, вели Петревска.

Според информации од родители на деца, во училиштето настанала паника, а децата биле вознемирени. Крадецот, според засега непотврдени информации, се обидел да ограби аптека во близина на училиштето, но полицијата стигнала многу брзо, па се обидел да се скрие во школото.

07.12.2023 - 19:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега