„Кумот“ на вештачката интелигенција даде отказ во Гугл: Ботовите ќе нѐ надминат

Човекот кого го сметаат за „кум на вештачката интелигенција“, Џефри Хинтон, даде отказ од Гугл велејќи за Би-Би-Си дека последиците можат да бидат „прилично страшни“. Хинтон има 75 години и вели дека во моментов чет-ботовите не се поинтелигентни од нас, „но мислам дека наскоро можат да бидат“.

Според овој познат компјутерски научник и когнитивен психолог, чет-ботовите, како Чат ГПТ наскоро би го надминале нивото на информации кои ги поседува човечкиот мозок.

– Во моментов, она што го гледаме е како ГПТ-4 веќе го надминува, го засенува обичниот човек во количината на општо знаење и тоа го надминува за многу. Во однос на расудувањето, чатот уште не е толку добар, но веќе може да прави едноставни расудувања.

– И со оглед на стапката на напредок, очекуваме работите да се подобруваат доста брзо. Затоа треба да се секираме за ова – додава тој.

Во написот на Њујорк Тајмс, д-р Хинтон се осврна на „лошите актери“ кои би се обиделе да користат вештачка интелигенција за „лоши работи“. На прашањето на Би-Би-Си да елаборира за ова, тој одговори дек „ова е само еден вид на најлошото сценарио, еден вид на кошмарно сценарио“.

 

– Можете да замислите, на пример, некој лош актер како (рускиот претседател) Путин реши да им даде на роботите способност да создаваат свои помали цели, подцели.

Научникот предупреди дека ова на крајот може да „создаде подцели од типот на „треба да добијам повеќе моќ“.

 

02.05.2023 - 09:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега