Курти: Блокадите на северот ги организираше Белград со поддршка на Русија

Премиерот на Косово, Албин Курти, во интервјуто за италијанскиот весник „Ла Република“ изјави дека блокадата на патиштата на северот на Косово не била спонтана, туку дека била организирана од Белград, со поддршка на Русија.

„Замената на регистарските таблички што ги воведе Вучиќ е одлука на мојата влада. Имаат два месеци за тоа... А истото важи и за личните документи. За неколку часа во неделата, додека важеше одлуката, беа издадена без инциденти на граничните премини кои беа отворени.

Затоа мораа да повикаат некого на барикадите, протестот не настана спонтано од народот на Косово. Блокадата ја организираше Белград, што Русија го поддржа“, изјави косовскиот премиер, пренесува порталот Косев.

Курти тврди дека луѓето кои биле на барикадите работат во диви објекти на северот на Косово и дека се платени од Белград.

08.08.2022 - 17:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега