Кузеска: Преку „Рамо до рамо до победа“ одржавме над 980 средби во исто толку населени места, месни и урбани заедници

 

„Во изминатите три месеци, преку активноста „Рамо до рамо до победа“ одржавме над 980 средби во исто толку населени места, месни и урбани заедници“, рече Богданка Кузеска, портапролка на СДСМ.

-Со над 100 тимови, секој ден бевме меѓу граѓаните, со цел да го чуеме нивниот глас, да ни ги пренесат нивните ставови, барања и потреби. Наидовме на одличен прием, граѓаните ни ги пренесоа нивните ставови, дел од нив имаа и конструктивни критики и забелешки кои ние со внимание ги забележавме. По сите овие забелешки, предлози, но и добронамерни критики ќе постапиме одговорно, истите ќе ги анализираме и систематизираме и за сите нив ќе се обидеме да најдеме решенија, кои ќе влезат во следната предизборна програма.-додаде таа.

„Им благодариме за нивниот придонес, нивните барање и потреби. Така дејствува СДСМ, секогаш со народот, секогаш одговорно, инклузивно и во служба на граѓаните и државата. Нашите активности ќе продолжат и во следниот период и преку теренски посети, но и преку организирање тематски трибини и средби со целни групи граѓани.

Продолжуваме и со спроведување на системските решенија и реформите што нè водат на европскиот пат, но исто така го унапредуваат квалитетот на живот на сите категории граѓани“,изјави Богданка Кузеска, портапролка на СДСМ.

02.07.2023 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега