Лани „голиот живот“ во Македонија поскапел за 1500 денари


клик за зголемена верзија
Најмалку 1.500 денари поскапеле основните животни производи во годината која што измина. Следејќи го движењето на вредноста на синдикалната кошничка која што секој месец ја објавува Сојузот на синдикати, од јануари од декември трошоците за основни потреби на едно 4 члено семејство пораснале од околу 33.500 денари на над 35.000 денари.

Треба да се има предвид дека синдикатот оваа пресметка ја прави врз основа на своја методологија со која семејството практично би го преживувало месецот, но не би живеело некој нормален живот.
Граѓаните редовно реагираат дека со 500 евра месечно едно четири члено семејство не може да преживее и дека со овие пари едвај се покриваат основните трошоци без воопшто да се размислува за кредити, некои дополнителни инвестиции и слично.

11.01.2022 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега