Лавров: Западот никогаш нема да може да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

 

Западот никогаш не успеал и никогаш нема да успее да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, на средбата со неговиот киргистански колега Јенбек Кулубаев.

- Сведоци сме на невидена конфронтација меѓу нашата земја и колективниот Запад, кој повторно одлучи да војува против нас и да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија, во суштина користејќи го нацистичкиот режим во Киев како овен за удар. Западот никогаш не успеал во ова, а нема да успее ниту овој пат, рече рускиот министер, според „Известија“.

Тој ја нагласи посебната важност на блиските врски со Киргистан во сите области.

Шефот на руската дипломатија истакна дека „и покрај санкциите и нелегитимниот притисок“ има зголемување на меѓусебната трговија меѓу Русија и Киргистан, и дека соработката во хуманитарните, образовните и другите сфери се шири, вклучително и на меѓународните платформи.

29.06.2025 - 13:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега