Лефков: Наместо власта да се прогласува за ненадлежна, треба да ги повика институциите да го испитаат случајот со Дрин Ахмети

 

Во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24 гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков. Тој посочи за тоа како да се очекува власта да се бори со корупцијата кога чичкото на внукот на Ахмети е сликан со Ислам Абази.

Тој посочи дека на истиот начин како што беше доделувањето на државна помош од страна на Владата на кумот на Ковачевски се постапувало и со Дрин Ахмети

„На Дрин Ахмети на седница на Влада на 21 година старост, односно во 2019-та година му даваат концесија за хидроцентрала која треба да вреди 1.2 милиони евра на право на користење на 23 година и на таа седница присуствуваат Бујар Османи, Крешник Бектеши и целата таа политичка елита“, рече Лефков.

Тој потенцираше дека пред јавноста не може вака да се оградува власта и да се прогласува за ненадлежни наместо да ги повика институциите да го испитаат случајот.

Лефков ја повика власта да ги повика УЈП и финансова полиција да го испитаат случајот или пак не смее власта да помислите да чепне кај нивниот коалиционен партнер ДУИ кој ви ја води владата.

28.06.2023 - 22:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега