Левица на протест против отворањето на клубот „Цар Борис III“

„Поради отворањето на контроверзното здружение именувано по фашистичкиот државник, слуга на Хитлер и борец против македонизмот „Цар Борис III“, Левица - Охрид ја повикува целокупната здраворазмуна јавност на протест против уривање на уставниот и државен поредок на Република Македонија и против разгорувањето на национална омраза!“ Оваа порака ја испраќаат од Левица Охрид во соопштение испратено до медиумите, повикувајќи ги сите на протест против отворањето на клубот Цар Борис Трети.
 
„Да го зачуваме достоинството на македонската нација и споменот на македонските антифашистички борци и да не дозволиме рушење на интегритетот на државата! На 7-ми октомври (петок) со почеток од 11 и 30 часот на улица „Македонски Просветители“, пред ТЦ Амам - Охрид, да се мобилизираме и да го искажеме нашиот антифашистички порив.
 
Не за славење на крвници на македонската нација и не за воздигнување на непријателите на човештвото!
Не за бугарскиот Хитлер!
 
Најстрого го осудуваме отворањето на овој клуб во Република Македонија и премолчувањето од страна на Владата која директно ја подржува рехабилитацијата на фашизмот.
 
Сплотени против империјализмот и антимакедонизмот, да го искажеме народниот револт“, се вели во соопштението на Левица испратено до медиумите.
 
 
04.10.2022 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега