Левица: Скопје пред катастрофа поради криминалните партии СДС-ДУИ -ДПМНЕ

Левица бара итно решавање на состојбата со ЈСП во интерес на работниците и граѓаните.
 
„Состојбата со ЈСП е предизвикана од политичарите на СДС, ДУИ и ДПМНЕ. Скопје оди кон социјална катастрофа. Причинителите се од централната власт на СДС и ДУИ и локалните власти на ДПМНЕ, кои не можат да се поистоветат со голготата на работниците и Скопјани. Инситуциите се во служба на партиите, не на народот, и затоа работите се растроени. Јавниот сектор им служи за вработување на партиски војски и да ги испумпуваат државните пари и сега се спремаат за нови избори“, кажа советникот на Левица во Град Скопје, Амар Мециновиќ.
 
Мециновиќ кажа дека Владата треба да поднесе оставка.
„Владата треба да поднесе ОСТАВКА, бидејќи е главен причинител на многу општествени проблеми и не можеме да очекуваме решение од нив. Додека општините кои имаат обврски за подмирување кон ЈСП, од нашите советници нема да имаат поддршка за меѓуопштинска соработка додека не ги подмират обврските. Со СДС, ДУИ и ДПМНЕ ќе имаме само проблеми и импровизирани решенија, додека работниците  ќе бидат извисени. Сепак, сега граѓаните имаат Партија на трудот како Левица која може долгорочно да стави крај на овие заврзлами“, кажа тој.
19.10.2022 - 18:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега