Левица: Владата со ДДВ ќе ја спасува кризата – наместо да ги оданочи најбогатите компании

„Историски највисокиот буџет изгласан до сега во Република Македонија, во време на економска, здравствена и енергетска криза, целосно потфрла во полето на социјалните политики. Имено, предлог-буџетот за 2022 година предвидува зголемување на приходите остварени преку ДДВ за 14.8% проценти во однос на ребалансот на буџетот од 2021. Ова е делумно очекувано да се случи, доколу Владата манипулира за енергетската криза и истата навистина резултира со поскапена струја и доведе до зголемена инфлација во 2022 година, осиромашувајќи го народот и задолжувајќи го по лихвари и банки“, реагираат денеска од политичката партија Левица преку писмено соопштение до медиумите во врска со предлог-буџетот на Владата.

„Од друга страна, нема да е првпат проектираните приходи во предлог-буџетот да се намерно повисоки во одредени ставки, само за да се затскрие намерата на Владата уште повеќе да нè задолжи во текот на годината и да ги коригира приходите во конечната реализација на буџетот“, додаваат во соопштението од Левица.

16.11.2021 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега