Лице од автомобил предизвикало пожар, интервенирала и противпожарна екипа

Во СВР Скопје било пријавено дека вчера во 11.55 часот покрај патот кој води за с.Парагуша, било забележано едно лице, кое управувало патничко возило „шкода фелиција“, со скопски регистарски ознаки, како со запалка ја запалило сувата трева покрај патот, по што се упатило кон с.Долно Количани, информира МВР.

МВР соопшти дека пожарот бил изгаснат од страна на противпожарната единица Скопје.

За инцидентот е известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

10.08.2022 - 22:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега