Љуљиета Ќерими се изјаснила како Македонка за да добие работно место во МОН

 

Љуљиета Ќерими се изјаснила како Македонка за да го добие работното место раководител за средно образование, образование за возрани и доживотно учење. Информацијата за Сител ја потврди директорот на Агенцијата за администрација.

Стручната комисија одлучила дека таа има најмногу поени во сите фази од процесот на селекција. Ќерими не и е непозната на јавноста. Таа е поранешна директорка и заменик директорка на основното училиште Хасан Приштина во Чаир. Според јавно достапните документи, досега се изјаснувала како Албанка.

Од МОН велат дека сите вработувања се реализираат преку ресорната агенција, а тие не можеле да влијаат како некој ќе се изјаснувал.

На одлуката на комисијата досега стигнала една жалба, потврди директорот Глигоров.

Сега следува МОН да се произнесе во однос на добиената жалба, а потоа надлежната комисија ќе носи одлука дали Ќерими ќе биде вработена на ова работно место. Огласот за вработување раководител на секторот за средно образование е од 3. јануари годинава, а одлуката за избор на Љуљиета Ќерими е објавена минатата недела, на 8. февруари, по завршувањето на сите фази за селекција на кандидатите.

14.02.2024 - 19:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега