Ловџија од битолско починал откако бил застрелан за време на лов

Млад ловџија од битолското село Канино,  кој во текот на вчерашниот ден бил ранет за време на ловот, им подлегнал на повредите. Откако бил повреден од огнено оружје, ловџијата со тешки телесни повреди бил итно однесен на Клиника во Скопје, каде што кусо потоа починал.

МВР соопшти детали за несреќата:

- На 02.12.2020 во 10:17 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди од огнено оружје бил донесен 35-годишниот Ј.К. од село Канино, битолско. Полициски службеници извршиле разговор со Д.С.(36) од село Бистрица и Р.Ј.(55) од Битола и според нивните сведочења Ј.К. се здобил со повредите во 09:30 часот, при лов во атарот на село Канино, откако Д.С. испукал патрон, по што забележал дека Ј.К. бил повреден. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2020 - 17:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега