Лукаревска: Ќе растат платите и пензиите, а ќе се зголеми и лимитот за поврат на ДДВ

 
Сања Лукаревска од Виница најави дека мерката Мој ДДВ со кој за првпат државата враќа пари директно на сметките на граѓаните, дополнително ќе се унапреди. 
 
„Концептот на СДСМ за враќање на парите назад кај граѓаните, се покажа како успешна алатка во надминувањето на последиците од светската економска криза и ние ќе продолжиме и понатаму во таа насока. Мој ДДВ е една од најдобро реализираните мерки која дава одличен ефект и затоа оваа мерка дополнително ќе ја надградиме. Обезбедени се средства и веќе од следната година лимитот за поврат на средства наместо досегашните 1.800 денари, ќе изнесува 2.100 денари за едно тромесечје, односно секој поединец годишно ќе може да оствари поврат од 8.400 денари.“ порача Лукаревска. 
 

 

Лукаревска посочи дека со Предлог Буџетот за 2023 година кој веќе е во собраниска процедура, обезбедени се и доволно средства за нов раст на минималната плата, како и за ново зголемување на пензиите, согласно новата методологија.
23.11.2022 - 19:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега