Лукаревска: Право на опозицијата е да бара избори, но сега е време да се носат нови мерки за граѓаните

Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во интервју за емисијата 360 на Алсат телевизија истакна дека сега е време да се носат нови мерки, нови решенија за граѓаните, како што се направи со минималната плата, пензиите, со менаџирање на кризата со пакетот од 26 мерки, и додаде дека блокадите се неодговорно однесување на опозицијата

- Право на опозицијата е да бара избори, но треба да се дискутира на многу поважни, посензитвини теми за граѓаните, кои се заеднички интерес за државата. Сега се справуваме со последиците, имавме ковид криза, имаме безбедносна криза, енергетска криза и во ваква состојба не е патриотски и не е хумано кон државата да се бараат избори. Фокусот на сите партии треба да им биде како да им се помогне на граѓаните рече Лукаревска.

Политиките на СДСМ во изминатиот период и одлуките на Владата се во интерес на граѓаните, поддршка во време на криза и заштита на стандардот, заклучи заменик претседателката Сања Лукаревска.

Центар за комуникации со јавноста СДСМ 

20.05.2022 - 22:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа