Македонец фатен во Србија со осум килограми кокаин
Српската полиција уапси 44-годишен македонски државјанин во близина на Лесковац. Кај него биле пронајдени осум килограми кокаин.
Информацијата ја потврди и министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.
Во изјава за медиумите рече дека припадници на Министерството за внатрешни работи во Лесковац заплениле околу осум килограми кокаин и го уапсиле С. И. (44), државјанин на Северна Македонија, под сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и трговија со наркотични дроги.
Полицијата пронашла девет пакети со кокаин во автомобил марка „форд“ на автопатот во близина на Брестовац.
-Осомничениот, по овластување на вишиот јавен обвинител во Лесковац, е приведен до 48 часа и ќе биде приведен во надлежното обвинителство со кривична пријава, нагласи министерот Дачиќ и им се заблагодари на сите полицајци кои учествувале во оваа операција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа