Македонија и Италија работат на реципрочно признавање на возачки дозволи

 


Надлежните служби во Министерството за внатрешни работи во контакт со соодветните полициски служби во Италија, интензивно работат на подготвување на нов билатерален Договор за реципрочно признавање на возачките дозволи во двете земји, изјави на прашањето на МИА, Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Додаде дека претходниот договор е веќе ставен ад акта и се очекува во што е можно побрз рок новиот договор да биде целосно усогласен и потпишан од страна на ресорните министри на двете земји.

Прашањето на МИА, следуваше по големиот интерес на нашите печалбари во Италија.

-Навистина сме на мака, може да управуваме возила со дозволи издадени од Република Македонија, но не и со оние кои се издадени под Република Северна Македонија, доколку во рок од една година, откако стануваме резиденти во земјата, не направиме промена од македонска во италијанска. Тоа не може да го направиме бидејќи за тоа нема нов билатерален договор, велат нашинците. 

Според нив македонските граѓани кои транзитираат низ Италија нема никаков проблем да ги користат возачките дозволи, но проблемот настанува кога ќе аплицираат за престој.

27.05.2025 - 15:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега