Македонија ја има скапата терапија против Ковид-19 но таа е достапна само за лица со сериозни здравствени проблеми и само во првите денови на болеста

Најскапата терапија против ковид 19 ја примиле дваесетина пациенти во Македонија. Моноклоналните антитела кои му помогнаа и на поранешниот американски претседател Доналд Трампа да го победи вирусот, дале позитивен ефект кај заразените и ниту еден од нив не завршил на болничко лекување. Но не можат да ја примат сите и постојат посебни протоколи за нејзино аплицирање – во дневната болница на Инфективна пациентот го следат и пред и по интравенското земање на лекот, објави Сител.

-Не се дава кај тие што развиле тешка клиничка слика, не се дава кај пациенти кои се зависни од кислород. Ова е терапија која се дава по детално иследување кај лица со повеќе хронични заболувања, најчесто кардиолошки, малигни, хематолошки и кои се во првите денови кога ги развиле симптомите, вели др. Милена Стевановиќ, директор на Клиника за инфективни болести.

Хематолошки пациенти кои примиле моноклонални антитела веќе го победиле вирусот и продолжуваат со третман на нивната основна болест. Инфектолозите велат од оваа терапија засега има доволно количини а дел од контраиндикациите се алергиски реакции.

 

27.09.2021 - 21:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега