Македонска амбасада: Евакуацијата на странски државјани преку аеродромот во Тел Авив засега е невозможна
Амбасадата на Северна Македонија во Израел денеска соопшти дека воздушниот простор на Израел како и аеродромот, се затворени и дека планот за евакуација на странски државјани преку аеродромот Тел Авив засега не е возможен. Има најава за отворање на аеродромот, денес 22 јуни, од 14:00 часот, се наведува во информацијата што Амбасадата ја објави на Фејсбук.
-Од Министерството за туризам на Израел сме информирани дека функционира морска рута од Ашдод до Лимасол (Кипар) (компанијата "Mano Shipping"). Следниот брод со слободни места "Crown Iris" планирано да отпловува од Ашдод на 27 јуни (петок). Можете да купите карти директно од веб страната на компанијата. Македонските државјани кои немаат никаков валиден пасош, молиме да се обратат до Амбасадата за добивање на Патен лист, информираат од Амбасадата.
Во објавата се посочува и информација од Министерството за туризам на Израел во врска со патувањето со брод.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа