Македонското Собрание има фитнес-сала, ама никој не ја користи

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во утринската емисија „Магазин“ на Сител зборуваше на различни теми, по што ја спомена фитнес-салата во Собранието.

Мицевски вели дека никој не вежба во фитнес-салата откако истата била затворена поради ковид-мерките.

„Ја користевме теретаната, но поради одредени причини засега не е отворена. Сега е надвор од функција, но и не вежбаме поради големиот број обврски кои ги имаме. Немаме време за спортски активности“, кажа пратеникот во емисијата.

18.10.2022 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега