Малолетник од Скопје паднал од мопед и удрил во бетонски столб


Вчера во 11.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Теодосиј Гологанов“ во Скопје малолетник од Скопје кој управувал мопед „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот и удрил во бетонски столб.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

30.03.2024 - 12:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега