Манасиевски: 215 белосветски криминалци добија македонски пасоши во време на Заев, на тоа ли мисли Филипче кога вели треба да се учи од него
215 белосветски криминалци добија македонски пасоши во време на Заев, на тоа ли мисли Филипче кога вели треба да се учи од него? Праша од партиската говорница, Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
215 најголеми криминалци и лидери на нарко кланови кои зад себе имаат истории на тргување со дрога и убиства од страна на власта на Заев и Филипче им беше даден Македонски пасош. 215 белосветски криминалци заради Заев и Филипче непречено се движеа низ светот со лажен идентитет. 215 белосветски криминалци со години правеле криминал благодарение на Заев и Филипче. Тоа е оставштината на Зоран Заев. Дали на тоа мислеше Венко Филипче кога кажа дека треба да се учи од Заев и дека нема друг како него. Заев ја избрука државата, ја оштети и ја понижи. Венко Филипче сака да биде ист како него, истакна Манасиевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа