Манасиевски: Вистински дебакл во СДСМ, не можат да најдат кандидат за градоначалник на Скопје
Вистински дебакл се случува во СДС, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Венко Филипче и СДС не можат да најдат кандидат за градоначалник за градот Скопје, рече Манасиевски.
„Нашите информации говорат дека СДС добиле ладен туш од Мишко Ралев, кој не сакал да оди на избори на кои се знае дека ќе изгуби катастрофално.
Ист одговор СДС добиле и од еден скопски адвокат, близок до нивната партија, кој исто така не сакал да го носи дресот на губитник уште од објавувањето на кандидатурата.
Нема човек во СДС кој ќе се нафати да ги изгуби избори, а уште поголем е стравот, затоа што поразот ќе им биде убедлив уште во првиот круг.
СДС не бараат ниту програма, ниту визија кај кандидатот кој ќе го номинираат, само спремност да изгуби. На тоа очигледно никој не се нафаќа.
Имаме порака до СДС, не барајте многу, поразот секако ќе ви биде огромен. Сметката за вашите лоши политики до сега ќе ви биде испорачана на есен на локални избори“, посочи Манасиевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа