Марка: Роналдо ја прифати понудата на Ал Наср, од 1 јануари се сели во Саудиска Арабија

Шпанскиот весник „Марка“, тврди дека Кристијано Роналдо од 1 јануари ќе стане нов член на Ал Наср од Саудиска Арабија, тој ја прифатил богатата понуда за која се зборуваше минатата недела.

Минатата недела излезе информацијата дека Роналдо има луда понуда од Ал Наср, 200 милиони евра по сезона. За две и пол годишен договор, вкупно 500 милиони евра.

Сега „Марка“ излезе со вест дека Роналдо ја прифатил понудата и од 1 јануари ќе се пресели во клубот од Саудиска Арабија.

Со тој договор Роналдо ќе стане најплатениот спортист во светот. Како за споредба, најплатени фудбалери се Меси и Нејмар со 75 и 70 милиони евра годишно, а платата која Саудијците му ја даваат на Роналдо е речири трипати поголема од таа сума.

05.12.2022 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега