Маркоска: ВМРО-ДПМНЕ дејствува на штета на здравствениот систем

Пратеничката на СДСМ Даниела Маркоска осврнувајќи се на состојбата со коронавирусот во државата рече дека владата била силно посветена во борбата против Ковид-19 но ВМРО-ДПМНЕ според неа се однесува деструктивно.

„Уште од самиот почеток од пандемијата, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски застанаа на страната на вирусот, правеа и се уште прават се за да му наштетат на здравствениот систем“, рече Маркоска.

„ВМРО-ДПМНЕ прво се противеше на воведувањето вонредна состојба, а потоа бараше нејзино продолжување во недоглед. Во меѓувреме, Мицкоски беше прв што кршеше мерки, одеше по фитнес центри и делови на ресторани кои не смееја да работат. Денес, оваа партија предводена од губитникот Мицкоски шири лажни документи со лажни цени со цел да го поткопа процесот за набавка на вакцини против коронавирусот“, истакна Маркоска.

Според неа деструктивниот однос на ВМРО-ДПМНЕ е на штета на граѓаните.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.03.2021 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега