Масакр во Калифорнија: Убиени шестмина, меѓу нив и 6-месечно бебе застрелано во глава (ВИДЕО)

Масакр во Калифорнија. Шест луѓе, меѓу кои и 17-годишна девојка и нејзиното шестмесечно бебе се застрелани во главата во куќа во Гошен, јавуваат тамошните медиуми.

Локалните власти велат дека во нападот има преживеани, а најмалку двајца осомничени се во бегство.

„Сметаме дека ова е личен, напад врз семејството и со ова сакале да испратат порака. Некои жртви се пронајдени во куќата, а други на улица. Еден човек кој беше пронајден ранец, подоцна почина во болница, рече шерифот.

Властите веруваат дека во овој ужасен настан се вмешани банди.

„Имаме потенцијални информации кои се надеваме дека ќе помогнат да ги дознаеме осомничените, но во овој момент не можам да ги обелоденам во јавноста“ изјави шерифот пред медиумите.

 

16.01.2023 - 19:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега