Маж починал на летна тераса од кафуле во Гостивар- го пронашле мртов на фотеља

Вчера наутро во 06.50 часот, Х.А.(36) од Гостивар пријавил дека на тераса од угостителски објект на бул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, во една од фотелјите забележал непознато лице, без знаци на живот.

Полициски службеници констатирале дека станува збор за Н.А.(52) од Гостивар, а од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт.

Увид на местото нанастанот извршиле екипа од ОВР Гостивар и Јавен обвинител, по чија наредба телото било пренесено во капела во Медицински центар Гостивар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2020 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега