Маж пронајден мртов во неговата куќа во Кичево

 

Кичевчанец бил пронајден мртов во неговата куќа, информира МВР.

-Вчера во околу 18:30 часот во Полициска станица Кичево било пријавено дека во неговата куќа на ул. „Мицко Станкоски“ во Кичево пронајден е починат 65-годишниот Б.С. од Кичево. Од доктор од итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Кичево, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција - соопшти полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.06.2020 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега