Меџити: Не сум му дал ултиматум на Ахмети

Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити за Плус Инфо вели дека не му дал ултиматум на лидерот на партијата Али Ахмети, ниту учествувал во заговор за независни кандидатури за градоначалници во општините Тетово, Сарај и за Чаир, ако претседателот не ги отстрани од Влада и од партијата Бујар Османи и Артан Груби.

Порталот „Алмакос“, повикувајќи се на свои извори од ДУИ, објави дека Меџити упатил ултиматум до Ахмети, до 15 јуни да ги отстрани Османи и Груби од партијата и од владата, во спротивно групата предводена од потпретседателот ќе номинира градоначалници во неколку битни општини за ДУИ на претстојните локални избори кои треба да се одржат во втората половина на октомври.

 

– Не е точно дека на Ахмети сум му поставил ултиматум. Не е вистина ни дека подготвуваме независни кандидати за градоначалници во Тетово, Сарај и во Чаир. Имам редовна комуникација со претседателот Али Ахмети, без посредници, посочи Меџити.

07.06.2021 - 18:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега