Метеоролозите со лоши вести за викендот:Пад на температурите, ветер и дожд

Утре ќе се задржи претежно сончево и топло време со мала локална облачност додека за време на викендот, особено во попладневните и вечерните часови локално ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за локална појава на град. Максималните дневни температури ќе бележат тенденција на пораст, особено за викендот кога ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени, соопштува метеорологот Славчо Попоски.

Повторно опаѓање на температурите на воздухот ќе има во недела, особено попладне и навечер и најпрвин во северните предели од државава. Сето тоа ќе биде проследено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен долж повардарието.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2020 - 22:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа