Миа Костова го прокоментира пречекот на обрасците за пасоши: „Имаше ли кореографија“?

 
И инфлуенсерката Миа Костова го прокоментира големиот пречек на обрасците за пасошите, на кој заменикот министер за внатрешни работа беше присутен вчера и официјално ги пречека, се фотографираше , па ја сподели веста на социјалната мрежа Фејсбук. 
„Дали обрасците имаа кореографија на пречек, некој кан кан нешто? Не знам зошто така тивко влегоа без да ги видиме, а пречекани соодветно ќе речеш…
Срам од туѓ срам или шо би рекле децава, класичен кринџ
Ние и денес ќе донираме, вие сликајте се и седнете после на некој бифтек да не заслабнете до избори или со дипломатскиот лапнете некоја шкампа у Солун. Ние ќе завршиме све“, напиша Костова на Фејсбук.

23.02.2024 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега