Мицевски: Владејачкото мнозинство сѐ уште не е стабилно
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски вели дека владејчакото мнозинство сѐ уште не е стабилно.
Рече дека иако опозицијата е свесна оти Собранието не е функционално, сепак пратениците ќе поднесат барање за закажување и продолжување на четири седници.
– СДСМ и коалиционите партнери да имаа мнозинство какво што очекуваа, ќе ја продолжеа и 34-та седница во која има над 70 точки, но бидејќи немаат мнозинство во парламентот, избегнуваат да ги отвораат темите. Тоа доволно кажува за неревносното работење на парламентарното мнозинство и за несигурностите кои ги имаат во редовите одреден период. Ваквиот начин на работа покажува дека ситуацијата не е добра и наскоро ќе треба да се размислува за посериозно парламентарно мнозинство, истакна Мицевски.
– ВМРО-ДПМНЕ очекува власта да има слух за тутунарите и да се отворат прашањата кои ги засегаат овие луѓе, но очигледно власта нема слух за проблемите на оваа категорија на граѓани. По однос на тоа прашање, ВМРО-ДПМНЕ побара да се одржи посебна седница на која ќе се расправа за проблемите на тутунарите и законот за тутун. Бидејќи парламентарното мнозинство не присуствува на седниците и нема намера да работи за доброто на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе прави кворум на таа седница и ќе учествува активно во разгледувањето на законот на тутун, бидејќи на тие луѓе мора да им се помогне, заврши Мицевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа