Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за разрешување на министрите, ова е крпење на мнозинството

 

 

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за разрешување на министрите во оваа реконструкција на владата на Ковачевски затоа што како и пред една година, така и сега имаме ситуација на крпење на мнозинство без јасна цел, без програма, без визија, истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

„Ова што би рекле луѓето е состојба во која од една страна крпат, а од друга страна им се кине владејачкото мнозинство, затоа што едноставно веќе е изгубен целосно легитимитетот на граѓаните. Креирањето на мнозинство во Собранието и менувањето не е базирано на принципи, туку обичен пазар 3 апсурд кој треба да и даде живот уште некој месец на оваа клинички мртва Влада на Ковачевски. Ковачевски, СДС и ДУИ се соочени со својата неспособност, криминал, корупција и внатрешни конфликти и затоа ваквата гимнаситика со разрешување, именување и просто пазарење нема ништо да подобри во Македонија, туку напротив ќе ги усложни и продлабочи проблемите на штета на граѓаните. Единственот излез од овој калабалак се избори и креирање на ново мнозинство со легитимитет од граѓаните“, вели Мицевски.

Според него, агонијата на оваа власт не е проблем сама по себе, проблем е што тоа се префрла во општеството и институциите и затоа Македонија тоне. Оценува дека тоа што СДС се претвори во помал и подреден партнер на ДУИ и Груби не е проблем само по себе, туку проблем е што покорно молчи и дозволува нечии криминални интереси да се спроведуваат преку оваа вештачки одржана во живот власт на штета на народот.

„Владата на Ковачевски се претвори во излитен материјал кој го крпат, а тој пак се кине, во случајов затоа што легитимитетот е излитен. Но стравот на ова мнозинство од соочување со народот е огромен и затоа е целиот овој циркуз што го прават изминатиов период“, потенцира Мицевски.

23.02.2023 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега