Мицевски за двата предлози: СДС не прифаќа заштита на македонскиот национален интерес и брза интеграција на Македонија во ЕУ
Владејачкото мнозинство се наоѓа во ќорсокак, смета координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во интервју во дневникот на ТВ Канал 5.
Мицевски посочи дека Димитар Ковачевски се уште се нема изјаснето за двата предлози од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ даде два предлози за кои што сеуште нема одговор од страна на Ковачевски. Двата предлози се многу конкретни. Првиот предлог, преодна влада без ДУИ и измени кои што ќе стапат во сила со завршувањето на преговорите и членство на државата во ЕУ. И вториот предлог избори кои ќе бидат брзи, гаранции за националниот идентитет и јазик од Европската Унија, економски пакет и заштита на Македонците во Бугарија преку спроведување на пресудите од Европскиот суд за човекови права и влада без ДУИ повторно поддржана од опозицијата, рече тој.
Овде има две сценарија или СДС не сака да ги пушти или испрати ДУИ во опозиција, или пак СДС е решен повторно тивко да изврши национално предавство, затоа што гледаме дека конкретен одговор на двата предлози нема, изјави Мицевски.
Мицевски додаде дека со предлозите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, се заштитува македонскиот национален интерес, се става државата на брза трака за интеграција во ЕУ, како и се спречува понатамошно блокирање од страна на Бугарија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа