Мицкоски бара од власта да ги исполни барањата на пензионерите

При денешната посета на општина Брвеница претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што пензионерите протестираат за своите пензии а од власта велат дека нема простор за решение истакна дека очекува власта да се вразуми во однос на барањата на пензионерите, и потенцираше дека пензионерите ја имаат целосно поддршката од ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Па видете од власта велат дека нема простор за договор затоа што потрошија 200 милиони евра а од тие 200 милиони евра, гледате дека нема ниту лопата, гледате дека не е ископан ниту еден ров за оној капитален проект, и тоа се пари кои што завршуваат најчесто во приватни џебови како резултат на провизија и затоа нема за пензионерите. Јас веднаш повикувам  на состојба кога треба да се разговара со пензионерите, тие ја имаат нашата поддршка, ја имаат мојата поддршка, и очекувам дека ќе се вразуми власта и дека ќе постапи според потребите на пензионерите бидејќи инфлацијата, скапиот живот и ова што се случува практично го уништува на дневна основа стандардот на граѓаните и пензионерите“, нагласи Мицкоски.

23.09.2023 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега