Мицкоски: Цената на струјата за компаниите и ЈП на крај ќе се удри од грбот на граѓаните

 

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нуди да нема промена на цената на парното во Град Скопје, а преку измени на законот за енергетика јавните установи да мигрираат од слободниот пазар на струја на регулираиот пазар со што би плаќале струја како граѓаните.

Струјата на слободниот пазар е неколкупати поскапа па јавните претпријатија нема да можат да си ја вршат работата. Оттука, ќе мора да има поскапување на комуналните услуги, а тоа ќе се одрази на ВМРО-ДПМНЕ кое го има мнозинството градоначалници во Македонија, објаснува Мицкоски.

-Има градоначалници и јавни комунални претпријатија кои добиваат сметки за струја поголеми од сите приходи на претпријатието, вели Мицкоски во СТУДИО 10 на ТВ24.

Тој додава дека кога претпријатието ќе реагира во РКЕ таа ќе одобри зголемување на комуналните давачки и кризата ќе удри по грбот на граѓаните. 

-Треба да се води сметка дали луѓето имаат пари да го преживеат месецот, вели Мицкоски.

03.10.2022 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега