Мицкоски: Да не се лажеме - ќе ни требаат 2 години за да ги смениме сите пасоши
Ни требаат уште две години за да може сите околу 1,1 милиони пасоши, колку што ни останаа за замена, да ги смениме и да извадиме нови, вели опозицискиот лидер Христијан Мицкоски кој денеска беше во Кавадарци.
„Вие во овој момент имате повeќе од милион граѓани кои што треба да извадат нови патни исправи или пасоши. Околу милион и сто илјади. Имате две машини кои што работат од 7 до 20 часа на ден. Секоја од нив има капацитет од 120 патни исправи. Како сакаат, во идеални услови, во идеални услови да работат, да нема никаков испад, да нема никаков дефект, да има на време обезбедени обрасци. Вас ви се потребни повеќе од 2 години за да биде потребата задоволена. Вистинското прашање е зошто ова се случи и кој е тој виновникот кој што ги доведе граѓаните во оваа подредена положба.“ – рече Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа