Мицкоски до Зафировски и бордот на директори: Загрижен сум за Македонија, има многу корупција во државата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски заедно со потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски и членовите на ИК Трајко Славевски, Маја Кадиевска Војновиќ и Марија Митева остварија средба со ко-основачот на Македонија 2025 Мајк Зафировски и бордот на директори.


Лидерот на опозициската партија го кажал својот став дека бил загрижен за државата, но и истакнал дека процентот на криминал и корупција во државата бил многу висок.

„На средбата претседателот Мицкоски ја истакна својата загриженост за актуелната политичка и економска состојба во која се наоѓа Македонија, дека државата секојдневно станува полоша поради високиот степен на криминал и корупција од страна на оваа власт и даде особен осврт за катастрофалната состојба во која се наоѓа економијата.
Воедно, претседателот Мицкоски ја истакна својата благодарност кон организацијата Македонија2025, за поддршката која тие со своето делување ја даваат на бизнис секторот и генерално на државата и истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија во која има сериозна заложба и за идна поддршка и соработка“, информираат од ВМРО-ДПМНЕ во писмено соопштение испратено до медиумите.

28.04.2023 - 19:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега