Мицкоски: Филипче да не се препелка и што побргу го напушти бродот на најкорумпираната Влада на Балканот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната средба со здравствени работници, на прашање во врска со најавите за доцнењето на вакцините во Македонија, му порача на министерот Филипче да не се препелка и што побргу го напушти бродот на најкорумпираната и најкриминалната влада на Балканот.

„Не можам уште да го разберам овој помлад колега бидејќи е и тој на Универзитетот зошто дозволува толку да се препелка и да се бојадисува со глупости, да му слугува на Зоран Заев, зошто му е сето ова потребно на отворена сцена вака да се бламира, не можам да го разберам и да не се чуди после тоа ако народот стави знак на равенство помеѓу него и Зоран Заев, да не си го поставува прашањето што ми требаше ова еден ден затоа што честа и образот се најважни во животот, кога ќе ги изгубите честа и образот тогаш сте изгубиле се“ истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му порача на министерот Филипче што побргу го напушти бродот на најкорумпираната и најкриминалната влада на Балканот.

 

 „Јас само можам да му порачам како помлад колега во академски стаж не во години, во години иако во години сме тука некаде, нема потреба да му слугува на најкриминалниот и најнеспособниот премиер на Балканот и во Европа. Престанете да се препелкате и престанете да го загрозувате здравјето на граѓаните, не ве бива заминете си веднаш. Помина и нова година помина и Божиќ поминаа и Водици помина и кинеска нова година ќе почнат велигденските празници ќе дојде и Велигден а ние сеуште ќе се занимаваме со глупостите на Зоран Заев и оваа влада на СДСМ. А луѓето за жал го губат својот живот и луѓето се полни со трауми коишто го поминале КОВИД- 19 вирусот. Така што еве му порачувам на овој помлад колега во академската средина помлад колку побргу го напушти бродот на најкорумпираната и најкриминалната влада на Балканот толку  подобро за него и ќе задржи барем мал детал од честа и достоинството коишто се надевам сеуште ги има“рече Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2021 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега