Мицкоски: Глупост е тврдењето дека сами на себе си ставаме вето

 

Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Тема на денот“ на Сител телевизија истакна дека тврдењето на власта дека сами на себе си ставаме вето, како што кажа било глупост и лудост.

„Тоа е лудост и глупост, затоа што тој кој што го прифатил овој договор без да се консултира со главната политичка опција во државата и со народот си ставил самиот на себе вето. Бидејќи сега не може тоа да го испорача“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека триото Пендаровски – Ковачевски – Османи си ставиле вето сами на себе бидејќи не можеле да испорачаат тоа што потпишале.

„Кога тие го прифатиле ова без да направат поширока консултација, тогаш тие направиле клучна политичка грешка, затоа што прифатиле нешто што не можат да исполнат“, нагласи Мицкоски.

„Ако не прашаа ќе им кажевме дека ние ова нема да го поддржиме , па ќе чекавме нов предлог. Немаше тогаш да влегуваат во ваква авантура и да го држат општеството и јавноста во Македонија под тортура и притисок на една тема“, појасни тој.

04.10.2023 - 19:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега