Мицкоски: Го охрабрувам Ахмети да се кандидира за претседател за да го пратиме во незаслужена пензија

 

Го повикувам Ахмети да се вклучи во претседателската трка. Нека не се крие зад порталите на Груби и нека се кандидира за Претседател, порача денеска од Охрид, опозицискиот лидер Христијан Мицкоски.

 

„Слушнав за таа можност во текот на вчерашниот ден. Го охрабрувам Господинот Ахмети да се вклучи во една таква трка. Можеби би го советувал доколку му значи мојот совет, да не го објавуваат портали кои што ги плаќа кабинетот на неговиот најблзок соработник. Мислам дека треба да се охрабри и сам да ја најави кандидатурата. Ако тој цени дека ќе постигне резултат кој што ќе биде значаен, тогаш зошто да се крие позади такви портали кои што се финансираат со народни пари. Тоа ќе му биде одлична можност за незаслужена политичка пензија“ – рече Мицкоски

 

16.02.2024 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега