Трамп воведе царини за Индија, премиерот не му одговара на повиците

 


Американскиот претседател Доналд Трамп се обиде да разговара со индискиот премиер Нарендра Моди четири пати во последните неколку недели, но индискиот лидер ги отфрли сите повици, тврди германскиот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Како што е објавено, ваквите потези на индискиот лидер го одразуваат гневот и претпазливоста на официјален Њу Делхи откако Трамп воведе царини од 50 проценти за Индија.

Порталот „Индија денес“ потсетува дека Трамп кон крајот на јули рекол дека не го интересира што прави Индија со Русија.

- Заедно можат да ги уништат своите мртви економии - рече Трамп тогаш, што Моди го критикуваше, оценувајќи дека Индија напредува кон тоа да стане една од трите водечки светски економии.

26.08.2025 - 17:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега